• недела, 22 декември 2024

Пречекан брачниот пар алпинисти од Гостивар што го искачи Килиманџаро

Пречекан брачниот пар алпинисти од Гостивар што го искачи Килиманџаро
Гостивар, 25 февруари 2022 (МИА) - Брачниот пар Ајфер и Ќерамедин Зендели, кои на 11 февруари го искачија највискиот врв на афричкиот контенет, вечерва беа пречекани од роднините и колегите планинари. Тие беа и на прием кај градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари. Пред две недели, сопружниците Ајфер и Ќерамедин успеаја во нивната планинарска желба и го освоија еден од највисоките во светот врвот Ухуру на планината Килиманџаро. Тие вечерва во слаата на Советот на Општина Гостивар прикажаа и видео кое ги содржи нивните доживувања и предизвици од еднонеделната планинарска тура кон „покривот на Африка“. Топло добредојде Ајфер и Ќерамедин добија од планинарското друштво „Шари“ од Гостивар, во кое членуваат. Тие раскажаа дел од доживувањата и како го совладале напорот кој е потребен, бидејќи како што рече Ќерамедин, оваа планина не му дозволува на секој да ја искачи, посочувајќи го фактот дека дека од сто планинари на врвот стигнуваат четириесетина. Следни на листата на овие гостиварски алпинисти се Елбрус и Арарат. Градоначалникот Арбен Таравари на приемот искажа благодарност за честа која му ја направиле на Гостивар со истакнување на општинското знаме. Тој ги слушна нивните планови и им посакува успех ним и на Здружението „Шари“ во следните експедиции. Брачниот пар тргна на планинарска експидиција за да ја одбелажет трисесетгодишнината од заедничкиот живот. Утрото на 11 февруари 2022 година тие стигнаа до врвот на планината Килиманџаро на 5.895 метри надоморска висина.згм/фф/

Остани поврзан