• петок, 27 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претстојниот втор круг од преговорите меѓу САД и Иран ќе се одржи во Рим, а не во Оман

Претстојниот втор круг од преговорите меѓу САД и Иран ќе се одржи во Рим, а не во Оман

Техеран, 16 април 2025 (МИА) - Втората рунда иранско-американски преговори за нуклеарната програма на Техеран ќе се одржи во италијанската престолнина Рим в сабота на 19 април, јавија Ројтерс и Франс прес, повикувајќи се на иранските државни медиуми.

Преговорите повторно ќе се со посредништво на Оман.

Иранска новинска агенција пред два дена, повикувајќи се на портпаролот на Министерството за надворешни работи во Техеран, објави дека разговорите ќе се одржат во главниот град на Оман, Мускат.

Портпаролот на италијанското Министерство за надворешни работи потврди дека втората рунда разговори меѓу Вашингтон и Техеран ќе се одржи во Рим.

Информацијата ја потврдија и министрите за надворешни работи на Холандија и Италија, Каспар Велдкамп и Антонио Тајани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан