• четврток, 04 декември 2025

Клингбајл и Бас избрани за ко-претседатели на германските социјалдемократи

Клингбајл и Бас избрани за ко-претседатели на германските социјалдемократи

Берлин, 27 јуни 2025 (МИА) – Германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл е реизбран за ко-претседател на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со мандат од две години, добивајќи 64,9 отсто од гласовите на партиската конференција во Берлин. Негова ко-претседателка ќе биде министерката за труд Бербел Бас, која доби поддршка од 95 отсто од делегатите, јави германската новинска агенција ДПА.

Изборот се случува во период кога СПД го преиспитува своето раководство и политички насоки по историскиот пораз на федералните избори во февруари, кога партијата заврши на трето место — нејзин најлош резултат во децении. Падот е резултат на непопуларната и нестабилна коалициска влада што СПД ја водеше во изминатите три години.

Очекувањата се дека СПД ќе се насочи кон традиционалните социјалдемократски теми како трудот, но имаше и судири меѓу раководството и членството, особено за политиката кон Русија и вооружувањето на Германија. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан