Претставници на земјите од ЕУ не успеаја да се договорат за 15-тиот пакет санкции против Русија
- Претставниците на земјите од Европската унија денеска не успеаја да го одобрат 15-тиот пакет санкции против Русија. Две членки на ЕУ го блокираа усвојувањето на пакетот поради несогласувањата околу продолжувањето на рокот за повлекување на европските компании од Русија, изјавија денеска неименувани дипломати.
Брисел, 6 декември 2024 (МИА) - Претставниците на земјите од Европската унија денеска не успеаја да го одобрат 15-тиот пакет санкции против Русија. Две членки на ЕУ го блокираа усвојувањето на пакетот поради несогласувањата околу продолжувањето на рокот за повлекување на европските компании од Русија, изјавија денеска неименувани дипломати.
Земјите-членки на ЕУ подоцна повторно ќе го разгледаат пакетот санкции.
Пакетот вклучува и санкции против танкери кои превезуваат руска нафта.
Како дел од пакетот, имаше дискусија за продолжување на исклучокот од ЕУ што и овозможува на Чешка да продолжи со увоз на дизел и други производи добиени од руската нафта, кои се преработуваат во словачка рафинерија. рп/
Фото: МИА архива