• вторник, 17 декември 2024

Претседателските избори во Венецуела закажани за 28 јули

Претседателските избори во Венецуела закажани за 28 јули

Каракас, 5 март 2024 (МИА) – Претседателските избори во Венецуела, на кои шефот на државата Николас Мадуро треба да се кандидира по трет пат, се закажани за 28 јули, соопшти денеска Националниот изборен совет.

Власта и опозицијата во октомври во Барбадос се договорија изборите да се одржат во втората половина на 2024 година во присуство на меѓународни набљудувачи.

Главниот кандидат на опозицијата, Марија Корина Мачадо, која имаше голема предност на партиските прелиминарни избори за кандидат, засега е дисквалификувана од суд.

Се очекува Мадуро да се кандидира за нов мандат.

Во плановите за изборите не се споменува можност за учество на кандидати на кои владата им забрани да се кандидираат за функцијата, вклучувајќи ја и најголемата противкандидатка на Мадуро, Марија Корина Мачадо.

Мачадо победи на внатрепартиските избори минатата година одржани од опозициската фракција поддржана од САД позната како Унитарна платформа. Минатото лето и беше забрането да се кандидира, а денеска во изборниот оглас не се споменува нејзиното име. јт/

 

Остани поврзан