• среда, 20 ноември 2024

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе присуствува на државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора во Вестминстерската палата во Лондон. Шефот на државата е придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска. Тие вчера ѝ оддадоа последна почит на британската кралица Елизабета Втора и се запишаа во Книгата на жалост.
- Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред погребната церемонија во Вестминстерската опатија. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот. сст/са/

Остани поврзан