• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот Пендаровски во Лондон ѝ оддаде последна почит на кралицата Елизабета Втора

Претседателот Пендаровски во Лондон ѝ оддаде последна почит на кралицата Елизабета Втора
Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во придружба на неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска, денеска во Лондон ѝ оддаде последна почит на британската кралица Елизабета Втора.
Пендаровски во Лондон утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.
Претходно тој се потпиша во Книгата на жалост за кралицата Елизабета Втора.
- Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот. сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан