• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Челзи барал од Тухел да игра со 12 фудбалери

Претседателот на Челзи барал од Тухел да игра со 12 фудбалери

Лондон, 14 септември 2022 (МИА) – Првиот човек на Челзи, Тод Бојли, побарал од сега веќе поранешниот тренер на лондонскиот клуб Томас Тухел да игра со 12 фудбалери на теренот, пренесуваат денеска британските медиуми.

Челзи му врачи отказ на Тухел пред една недела по поразот во Загреб од Динамо на стартот на Лигата на шампиони, а според медиумите, сопствениците на клубот, предводени од Бојли, биле незадоволни од неговата работа и само барале изговор да го отпуштат германскиот стратег.

Според „Атлетик“, Бојли на Тухел му предложил клубот да има препознатлив стил на игра и формација 4-4-3, што вклучувајќи го и голманот значи дека Челзи на теренот би требало да се истрча со 12 фудбалери.

Весникот „Сан“, пак, од своја страна, наведува дека не станува збор за грешка, бидејќи било очигледно дека новите сопственици на Челзи не биле запознати со правилата на фудбалската игра.

Извори блиски на Челзи ја демантираа оваа информација, но се огласи поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд.

-Приказната за формацијата 4-4-3 е вистина. Сопствениците на Челзи сакаа премногу да се мешаат во работата на тренерот, а се знаеше дека Тухел тоа нема да го толерира. Отказот на Тухел можеше да се предвиди, изјави Фердинанд. ег/паг/

Остани поврзан