• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски на средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски вчера остварил работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која било изразено заедничко задоволство од постигнатото ниво на соработка помеѓу двата уставни суда, што претставува значаен сегмент во севкупната билатерална соработка на двете земји.  

Како што соопштија денеска од Уставниот суд, потврда за унапредување на соработката помеѓу судовите е најавената билатерална средба во ноември во Анкара.

Амбасадорот Улусој, ги поздравил поставените приоритети на претседателот на Судот за време на неговиот мандат. Истовремено, изразил надеж дека истите ќе имаат исклучително позитивно влијание  во настојувањето на Судот да даде придонес во зголемувањето на довербата на граѓаните во правната држава. цр/

Фото: Уставен суд

 

Остани поврзан