Претседателот на Литванија и премиерката на Летонија пристигнаа во Киев
- Литванскиот претседател Гитанас Науседа и премиерката на Летонија Евика Силина утринава пристигнаа во Киев, соопштија функционерите на своите социјални мрежи.
Киев, 11 септември 2024 (МИА) – Литванскиот претседател Гитанас Науседа и премиерката на Летонија Евика Силина утринава пристигнаа во Киев, соопштија функционерите на своите социјални мрежи.
- Само што пристигнав во Киев. Убаво е да се вратам и да го видам мојот драг пријател, претседателот Володимир Зеленски во знак на солидарност со Украина. Воената и економската поддршка на Украина е од клучно значење за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, напиша Науседа на Х.
Премиерката на Летонија на Х објави видео од пристигнувањето на железничката станица во Киев и најави дека нејзината земја ќе биде со украинскиот народ до нивната победа и на патот на интеграцијата во ЕУ и НАТО. јт
Rīts Kijivā. Latvija būs kopā ar Ukrainas tautu līdz tās uzvarai!
— Evika Siliņa 🇱🇻🇺🇦 (@EvikaSilina) September 11, 2024
Ранок у Києві. Латвія буде з українським народом до його перемоги, і завжди підтримуватиме Україну на шляху до Європейського Союзу та НАТО! Слава Україні! 🇱🇻🇺🇦 pic.twitter.com/yK22cqQX9J