Претседателот на Куба изјави дека во моментов не преговара со САД
- Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека неговата администрација во моментов не преговара со владата на САД, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп упати закани до Хавана.
Хавана, 12 јануари 2026 (МИА) – Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека неговата администрација во моментов не преговара со владата на САД, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп упати закани до Хавана.
Дијаз-Канел на Х објави низа кратки објави откако Трамп изјави дека Куба треба да „склучи договор пред да биде премногу доцна“, без да наведе за каков договор станува збор.
Дијаз-Канел напиша дека „односите меѓу САД и Куба мора да бидат засновани на меѓународното право, а не на непријателство, закани и економска принуда“.
- Отсекогаш сме биле подготвени да водиме сериозен и одговорен дијалог со разни влади на САД, вклучувајќи ја и сегашната, врз основа на суверена еднаквост, меѓусебно почитување, принципите на меѓународното право и заемна корист, без мешање во внатрешните работи и со целосно почитување на нашата независност, истакна тој.
Трамп вчера изјави дека Куба „повеќе нема да може да живее од нафтата и парите од Венецуела“.
Пред САД да ја нападнат Венецуела минатата недела, да го заробат и одведат претседателот Николас Мадуро, Куба добивала околу 35.000 барели нафта дневно од Венецуела, тврди Хорхе Пињона од Енергетскиот институт на Универзитетот Тексас во Остин. јт/
Фото: ЕПА