• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Барса: Немаме никакви приходи, но засега исклучуваме банкрот

Претседателот на Барса: Немаме никакви приходи, но засега исклучуваме банкрот
Барселона, 31 март 2020 (МИА) - Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу, ја коментираше тешката состојба во која се наоѓаше шпанскиот гигант. Последиците од пандемијата нема да ги заобиколат ниту Каталонците. Паузата во сите првенства ги стави и големите клубови во деликатна позиција бидејќи нивните трошоци продолжуваат да се зголемуваат, но нема приходи. Ситуацијата е комплицирана, тоа е вистината. Немаме приходи од 14 март, но нема да банкротираме во јуни. Ако дотогаш ништо не се промени, навистина има големи загуби. Треба да се вратиме во нормален ритам, затоа правиме измени. Затоа ги намаливме платите на играчите за 70 отсто. Треба да го направиме овој чекор и со другите вработени во клубот. Играчите во моментов ги жртвуваат своите плати за да можат другите вработени во Барселона да добијат целосна плата додека кризата заврши. Заштедени се 16 милиони евра, што е 5,75% од годишните плати на играчите, рече Бартомеу за радио Каталонија.. Тој вели дека се надева дека оваа ситуација нема да трае повеќе од 60 дена. - Ова се очајнички акции, како што ги гледаме во другите големи европски клубови. Слични мерки има во Баерн Минхен, Јувентус, Лион... заврши Бартомеу.

Остани поврзан