• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на Бангладеш нареди ослободување на лидерот на опозицијата и на приведените демонстранти, се укинува полицискиот час

Претседателот на Бангладеш нареди ослободување на лидерот на опозицијата и на приведените демонстранти, се укинува полицискиот час

Дака, 5 август 2024 (МИА) - Претседателот на Бангладеш, Мохамад Шахабудин денеска нареди ослободување на поранешниот премиер и лидер на опозицијата Каледа Зија, како и на демонстрантите уапсени за време на протестите. Ова се случи неколку часа откако премиерката Шеик Хасина избега од земјата.

На состанокот со кој претседаваше Шахабудин, „едногласно беше одлучено да се ослободи претседателката на Националистичката партија на Бангладеш (БНП) Бегум Каледа Зиа, како и „сите уапсени за време на студентските протести“, се вели во соопштението објавено од кабинетот на шефот на државата.

-На состанокот беше одлучено веднаш да се формира привремена влада, се додава во соопштението.

Во соопштението, армијата, исто така, објави дека го укинува полицискиот час и повторно ги отвора „канцелариите, фабриките, училиштата, универзитетите“ и продавниците утре во 06:00 часот по локално време (00:00 часот по Гринич).

Од минатиот месец, шеикот Хасина се соочи со протести со барање да се стави крај на системот на квоти за назначувања во државната служба, што на крајот доведе до нејзино отстранување од власта.

На власт околу 15 години, Хасина денеска побегна од Бангладеш, непосредно пред демонстрантите да упаднат и да ја ограбат нејзината резиденција во главниот град Дака по судирите во кои загинаа речиси 100 луѓе ширум земјата.

Нејзината главна ривалка, 78-годишната Каледа Зиа, е во лоша здравствена состојба и е во болница откако беше осудена на 17 години затвор за корупција во 2018 година. мс/

фото: ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан