Претседателот на Албанија во посета на Црна Гора

Тирана, 10 февруари 2025 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот Јаков Милатовиќ. По дочекот предвидена е средба меѓу шефовите на двете држави а потоа и средба на двете делегации.
Бегај во Црна Гора допатува вчера кога ги посети Туз, Плав и Гуца, населени главно со Албанци.
-Националните прашања треба да доминираат над било кој политички интерес поради фактот што се многу позначајни. Чувајте го албанскиот јазик, идентитет и култура, за што ја имате нашата поддршка, им порачал на средбата со претставниците на граѓански и политички субјекти.
Бегај, претходно, по свечениот пречек оддал почит пред споменикот на Скендер бег во Туз, кој беше поставен на 28 ноември минатата година, на Денот на независноста на Албанија. вт/