• петок, 22 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-младинци со оштетен слух и говор од ДУЦОР „Партенија Зографски“

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-младинци со оштетен слух и говор од ДУЦОР „Партенија Зографски“

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска примила ученици-младинци со оштетен слух и говор од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“, специјалниот едукатор и рехабилитатор Христина Божиновска Ѓикова и Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик.

Како што соопштија од нејзиниот Кабинет, на средбата претседателката на државата била информирана за тековните активности во овој училишен центар што се во насока на образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух. Учениците ја запозналеСиљановска Давкова со разновидните воннаставни активности во коишто се активно вклучени преку кои ги развиваат своите вештини и таленти од областите за кои покажуваат особен интерес, како и со нивните идни планови по завршувањето на средното образование.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала значајноста на дејноста на ова единствено училиште за средно стручно образование во земјава за учениците со оштетен слух во коешто се оспособуваат за интегрирање во работните процеси, како и за вклучување во високото образование.

Изразувајќи ја својата поддршка за нивната мисија, Сиљановска Давкова , како што стои во соопштението, упатила порака дека наш заеднички приоритет треба да биде унапредувањето на правата на лицата со оштетен слух и говор со цел нивна поголема инклузија во македонското општество. цр/лв/

Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан