• понеделник, 23 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск

Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск

Рим, 23 мај 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Како што јавува известувачот на МИА од Рим, Сиљановска Давкова оваа година ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска претседателката освен аудиенцијата кај папата и традиционалната размена на подароци, ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин. 

null

По официјалните средби во Ватикан шефицата на државата ќе даде изјава за медиуми.

На аудиенција кај папата денеска треба да присустува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова се уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба.

Давкова и Радев оваа година во Рим во различни денови го чествуваат Денот на сесловенскиге просветители. Радев денеска ќе биде во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“.

Претседателката Давкова, според агендата утре на 24 Мај ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Конст

По молебенот претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во рамки на претстојот во Рим Сиљановска-Давкова утре ќе се сретне со нејзниот италијански колега Серџо Матарела, а по средбата претседателката ќе даде изјава за медиуми на плоштадот Пјаца дел Квирнале. 

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова попладнево во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Ова е прва официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, откако победи на претседателските избори на 8 мај. Таа на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковсната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.  Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов. ац/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан