• петок, 22 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова го прими шефот на канцеларијата и специјален претставник на СЗО, Аким Али

Претседателката Сиљановска Давкова го прими шефот на канцеларијата и специјален претставник на СЗО, Аким Али

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила Аким Али, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација и специјален претставник во Скопје.

На средбата, како што соопштија од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова била информирана за тековните активности, улогата на СЗО во земјава и во регионот и нивната соработка со локалните здравствени институции со цел подобрување на отпорноста на здравствените системи за справување со пандемии, или здравствени кризи.ж

- Во разговорот, претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста од усогласување на националните здравствени политики со глобалните здравствени стандарди и ја истакна својата поддршка на напорите за елиминирање на сите регулаторни, политички, или социјални бариери со цел спроведување на ефективни здравствени програми, се наведува во соопштението.

Во интерес на зајакнување на здравствениот систем на земјата, превенција на болести и промовирањето на здрави навики, претседателката ја посочила важноста од натамошен развој на стратегии за зголемување на свеста и јавната поддршка за тековните здравствени иницијативи, особено во руралните, или недоволно развиените области.  

На средбата била изразена подготвеност за продолжување на соработката на СЗО со македонските институции со цел поддршка на реформските процеси во областа на здравството, јакнење на капацитетите за рано предупредување и подготвеност на државата за брз одговор на итни здравствени ситуации. цр/са/

Фото: кабинет на Гордана Сиљановска Давкова

Остани поврзан