• недела, 22 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Подгорица, 28 ноември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе засадат дрво на пријателство во дворот на резиденцијата на претседателот на Црна Гора.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Според агендата, утре, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“. дма/лв

Фото: МИА архива

Остани поврзан