• петок, 20 септември 2024

Претседателката на Федералната комисија за комуникации го отфрли повикот на Трамп да ги одземе лиценците за Еј-Би-Си

Претседателката на Федералната комисија за комуникации го отфрли повикот на Трамп да ги одземе лиценците за Еј-Би-Си

Вашингтон, 20 септември 2024 (МИА) - Претседателката на американската Федерална комисија за комуникации (FCC) го отфрли повикот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одземање на лиценците на Еј-Би-Си во сопственост на Волт Дизни поради начинот на кој се водеше претседателската кампања на 10 септември.

-Првиот амандман е камен-темелник на нашата демократија. Комисијата не ги одзема лиценците на радио и телевизиските станици само затоа што политички кандидат не се согласува или не му се допаѓа содржината или известувањето, нагласи синоќа претседателката на FCC, Џесика Розенверсел. ФКК е независна федерална агенција и е одговорна за издавање лиценци за радио и телевизиски станици во САД, што се обновуваат на секои осум години. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан