• петок, 05 декември 2025

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведени две лица

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведени две лица

Скопје, 17 септември 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 17:50 часот ги лишиле од слобода 60-годишниот Ф.Н. и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово.

Како што соопшти денеска МВР, претресот бил извршен врз основа на судска наредба во дом и помошни простории каде престојувале двете лица. Пполициските службеници пронашле и одзеле една кеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин.

Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/вј/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан