• четврток, 25 април 2024

Претрес во Тетово, приведен осомничен крадец

Претрес во Тетово, приведен осомничен крадец

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Тетовската полиција синоќа во Тетово го лишила од слобода Б.Е.(53) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена поголема количина на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од „тешка кражба“ извршена на 2 јануари 2024 во домот на А.С.(31) од Тетово.

Како што информираат денеска од МВР, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сст/мд/

фото МИА архива 

Остани поврзан