• четврток, 26 март 2026

Претрес во Струмица, пронајден хашиш

Претрес во Струмица, пронајден хашиш

Скопје, 12 јули 2025 (МИА) - МВР информира дека вчера во 16.45 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица во чиј дом бил пронајден хашиш.

-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, наведува МВР.

По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава. мч/мд/

фото: МИА

Остани поврзан