• петок, 10 мај 2024

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - МВР соопшти дека денеска полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во домот на Б.М. и М.М. во Скопје при што пронашле околу еден килограм марихуана, прашкаста материја, две дигитални ваги и поголема сума на пари.

Лицата се лишени од слобода и против нив по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка. мч/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан