• сабота, 18 мај 2024

Претрес во скопски Чаир - откриени 14 грама хероин, дигитална вага и поголем износ на пари

Претрес во скопски Чаир - откриени 14 грама хероин, дигитална вага и поголем износ на пари

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба, денеска на подрачјето на Чаир извршиле претрес на дом од лице со иницијали И.С. при што пронашле 14 грама хероин, дигитална вага, како и поголем износ на пари.

Како што соопштуваат од МВР, лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

-Денеска (08.01.2024) полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје. Имено, по добиена судска наредба од страна на полициските службеници бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Чаир, при што биле пронајдени три пакувања со кафеава прашкаста материја (хероин) во вкупна тежина од околу 14 грама, дигитална вага и поголем износ пари. Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, стои во соопштението на МВР. ра/аа/

Фото: Министерство за внатрешни работи 

 

Остани поврзан