• недела, 28 април 2024

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан