• петок, 05 декември 2025

Претрес во Песочани, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

Претрес во Песочани, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

Скопје, 12 јули 2025 (МИА) - Полицијата вчера попладне во село Песочани, општина Дебрца од слобода го лишила Н.Н.(27) од истото село.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „таурус“, калибар 9 милиметри, пушка „маверик“, калибар 12 милиметри, 198 куршуми различен калибар, две ловни пушки и една пушка со оптички нишан, кои нелегално ги поседувал, како и други предмети.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан