• петок, 21 февруари 2025

Претрес во кичевско, пронајдено оружје

Претрес во кичевско, пронајдено оружје

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

Како што информираат од МВР, при претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/

фото МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан