• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во демирхисарско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Претрес во демирхисарско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) - Во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар, рано изутрината го привеле В.П.(67).  При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени еден пиштол, три пушки, 143 куршуми различен калибар,рамки за куршуми, документи и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопшти МВР.

Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан