Претрес во Гостиварско, пронајдена пушка и куршуми
- Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 13.45 часот, по добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на Р.А. (66) во село Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.
Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 13.45 часот, по добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на Р.А. (66) во село Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.
При претресот, соопштија денеска од МВР, била пронајдена една пушка и седум куршуми, за кои не поседувал дозвола. Со Р.А. бил извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/
Фото: МИА архива