• петок, 05 декември 2025

Претрес во Гостиварско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Гостиварско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 22:40 часот  во  гостиварското село Долна Бањиц го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. 

-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР. хс/аа/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан