• вторник, 16 јули 2024

Претрес во Велешта, приведен дилер

Претрес во Велешта, приведен дилер

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера го лишиле од слобода Б.В.(20) од струшко Велешта.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени  марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан