• среда, 15 мај 2024

Претрес во Велес, пронајдена дрога

Претрес во Велес, пронајдена дрога

Велес, 15 јануари 2024 (МИА) - Во Велес вчера во 17.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(39) од Велес.

Од МВР денеска соопштија дека при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје,  биле пронајдени и одземени масло од канабис и амфетамин.

Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, стои во соопштението, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан