• вторник, 24 декември 2024

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

Велес, 5 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера во 14,30 часот  го лишиле од слобода 28 годишниот  А.Р. од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Како што информираат од СВР Велес, А.Р. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан