• среда, 01 јануари 2025

Претпразнична чајанка во Лајка со поддршка од Амбасадата на САД

Претпразнична чајанка во Лајка со поддршка од Амбасадата на САД

Скопје, 30 декември 2024 (МИА) - Во просториите на ЈП „Лајка“ денеска со почеток во 14 часот ќе се одржи претпразнична чајанка, организирана со учество на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

Како што соопштуваат од „Лајка“, настанот е создаден за да ги пречека децата од здруженијата Аутизам ААМК, Кохлеарно срце, Equality и Доза Среќа, заедно со нивните родители и активисти, и да приреди незаборавно предновогодишно дружење со поддршка од А1 Македонија.

На настанот е најавено присуство на Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, заедно со високи претставници од амбасадата.

Целта на настанот, како што дополнуваат, е да се заокружи 2024 година во топлина, дружење и љубов, со деца и нивните верни пријатели – кучињата. ар/вг/
Фото:ЈП „Лајка“ 

 

Остани поврзан