Претпладне сончево, а попладне нестабилно со дожд и грмежи

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) - Времето претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Долж пошироко повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува. УВ=7
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 29 степени.