Претпладне облачно, попладне со сончеви периоди

Скопје, 13 февруари 2022 (МИА) - Прeтпладне облачно, на југоистокот на места со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде во позначителен пораст.