• среда, 12 јуни 2024

Претежно сончево со мала до умерена локална облачност

Претежно сончево со мала до умерена локална облачност
Скопје, 2 март 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -6 до 0, а дневната од 9 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 13 степени. До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.

Остани поврзан