Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец
- Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец

Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.