Претежно облачно со умерен до засилен северен ветер
- Времето во земјава ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Следува период на стабилно време со појава на магла по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање.