• сабота, 21 февруари 2026

Престрелки и експлозии во близина на меѓународниот аеродром „Диори Хамани“ во Нијамеј

Престрелки и експлозии во близина на меѓународниот аеродром „Диори Хамани“ во Нијамеј

Нијамеј, 29 јануари 2026 (МИА) - Во близина на Меѓународниот аеродром „Диори Хамани“ во главниот град на Нигер, Нијамеј, утрово се слушале истрели и експлозии.Според очевидците, на небото околу аеродромот се гледале блесоци светлина и се слушале истрели.

Сите воени кампови во Нијамеј се ставени во состојба на готовност.

Властите во Нигер и раководството на аеродромот сè уште не издале официјално соопштение за инцидентот, а засега нема официјална потврда за жртви.

Аеродром „Диори Хамани“ се наоѓа на 10-ина километри од претседателската палата на Нигер.

На аеродромот се наоѓа базата на воздухопловните сили на Нигер, новоизградена база за беспилотни летала и седиштето на заедничките сили формирани од Нигер, Буркина Фасо и Мали за борба против џихадистичките групи.

Нигер е главен светски производител и извозник на ураниум, а на меѓународниот аеродром складирани се големи количини ураниумска руда. ми/

фото: Икс

Остани поврзан