• четврток, 26 март 2026

Пренасочен сообраќајот на камиони кон ГП Блаце

Пренасочен сообраќајот на камиони кон ГП Блаце

Скопје, 17 декември 2025 (МИА) - АМСМ информира дека од 11:35 часот се пренасочува сообраќајот на товарни возила кон граничниот премин Блаце. Пренасочувањето се врши кај бензиската пумпа „Дизел”.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан