Премиер лигата нема да врати пет замени, Гвардиола и Клоп инсистираа на тоа
- Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс изјави дека лигата нема намера да го врати правилото за пет замени.
Лондон, 11 ноември 2020 (МИА) - Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс изјави дека лигата нема намера да го врати правилото за пет замени.
Претходно за враќање на правилото на пет замени инсистираа главните тренери на Ливерпул, Јирген Клоп и на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
- Се верува дека можноста за пет замени го менува натпреварувачкиот биланс на натпреварот. Веќе имаше два гласа за ова прашање, и за обете беа поддржани три замени, односно враќање на историскиот модел. Не мислам дека нешто ќе се промени во иднина. Можеме да разбереме зошто ова е контроверзно. Особено ако вие, како Клоп и Гвардиола, играте во европски натпреварувања, истакна Мастерс за „Goal“.