• петок, 17 јануари 2025

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце

Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - По повод завршување на градежните работи на делницата Куманово - Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце.

Пругата Куманово - Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 000 000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Како што информирара владината прес-служба, новинарите ќе имаат можност заедно со премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски да ја извозат со локомотива новоизградената железничка пруга. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан