• вторник, 03 декември 2024

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Премиерот Мицкоски  очекува минимално зголемување на цената на струјата

Куманово, 29 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски не очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата да биде повисоко помеѓу еден и три проценти, додека за потрошувачите од првиот и вториот блок да изнесува, 0,5 отсто, откако вчера ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена повисока од досегашната за две евра. 

- Тоа е одлука на Регулаторната комисија, но јас очекувам да не се движи повеќе од она што го зборував, значи помеѓу еден и три проценти, што ќе каже- најниско зголемување, убедливо неколку пати во регионот и Европа, а во првиот и вториот блок каде што се најголемиот дел од потрошувачите или повеќе од 75 проценти не очекувам да биде повисока од 0, 5 проценти, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, по стартот на реконструкцијата на спосртаката сала „Расадник“ во општина Кисела Вода.

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година. Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари. ам/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан