Премиерот Мицкоски во посета на Општина Неготино
- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на Општина Неготино каде што ќе означи почеток на изградба и реконструкција на повеќе проекти.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на Општина Неготино каде што ќе означи почеток на изградба и реконструкција на повеќе проекти.
Како што најавија од владината пес-служба, премиерот Мицкоски ќе го пушти во употреба реконструираниот градски пазар со што жителите на општина Неготино добија нов и најсовремен затворен градски пазар. Вредноста на пазарот изнесува 25.913.899 ден со вклучен ДДВ, средства обезбедени од буџетот на Општина Неготино.
Потоа премиерот ќе присуствува на отпочнување на градежни работи кои се однесуваат на изградба на комунална инфраструктура односно уредување на цела населба, и на реконструкција на тротоари на ул. Маршал Тито на потегот од Либерта до полиција. ев/вг/
ФОТО: МИА Архива