Премиерот Мицкоски во посета на Битола на увид на реконструкција на киното „Партизан'“
- Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.
Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Битола.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.
Вредноста на договорот е 96.000.000 денари, додека рокот на реализација е до декември 2026 година.
Предвидено е по настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. нд/мд/
Фото: МИА архива