Премиерот Ковачевски на свечена вечера на лидерите на НАТО
- Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Вилнус, каде што с одржува дводневниот Самит на НАТО, присуствуваше на свечената веќера во чест на лидерите на земјите членки на Алијансата и партнерските држави присутни на собирот.

Вилнус, 11 јули 2023 (МИА) – Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Вилнус, каде што с одржува дводневниот Самит на НАТО, присуствуваше на свечената веќера во чест на лидерите на земјите членки на Алијансата и партнерските држави присутни на собирот.
- Вечерва присуствуваме на свечена вечера, која во чест на шефовите на делегации на сојузниците на НАТО и партнерите, ја приредува претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и неговата сопруга г-ѓа Дијана Науседа, објави премиерот Ковачевски на Фејсбук.
Во објавата тој додава дека вечерата претставувала „уште една уникатна можност за разговор и за потврда на нашата обединетост во справувањето со тековните и идни предизвици“.
Инаку, Ковачевски денеска учествуваше на првата сесија на Североатлантскиот совет во рамки на Самитот, а на маргините на собирот оствари билатерални средби со претседателот на САД, Џо Бајден, на Словенија, Роберт Голоб и на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, како и со премиерите на Естонија, Каја Кала, на Бугарија, Николај Денков и на Велика Британија, Риши Сунак. сп/