• петок, 22 ноември 2024

Премиерите на Холандија и Луксембург за зајакнување на соработката и смирување на тензиите на Косово

Премиерите на Холандија и Луксембург за зајакнување на соработката и смирување на тензиите на Косово

Белград, 3 јули 2023 (МИА) – Премиерите на Холандија и Луксембург, Марк Руте и Ксавиер Бетел, вечерва во Белград изјавија дека дошле заедно во Србија со цел да ја зајакнат соработката со Европската унија, како и на билатерално ниво, додавајќи дека и двајцата се посветени на смирување на тензиите во Косово.

- Се собравме за да ги зајакнеме врските на ЕУ со Србија, како и билатералните врски. Важно е да имаме стабилност и соработка, рече Руте на прес-конференцијата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Руте додаде дека тензиите во Косово, како и насилството врз цивилите и медиумите, предизвикуваат загриженост.

- Чекорите кон смирување на тензиите и нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина се клучни не само за Србија и Косово, туку и за поширокиот регион, рече холандскиот премиер, кој за првпат е во посета на Белград.

Руте рече дека стабилните односи во Европа се исто така важни во услови на војната во Украина.

Бетел повтори дека смирувањето на тензиите во Косово е важно и дека тоа е во интерес на сите, вклучително и на самата ЕУ. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан