• сабота, 22 февруари 2025

Премиера на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“

Премиера на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“

Скопје, 16 февруари 2025 (МИА) - Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“ во режија на Јелена Вуксановиќ. 

Претставата е трета етапа од трилогијата на проектот „Сиот свет е сцена - имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“.

-„Напуштени места“ се однесува на неискористените потенцијали на просторите и културното наследство – места полни со сеќавања, метаморфоза, нови перцепции, регенерација, мистерија, бунт, угнетување... Перформансот е креативен процес на соработка помеѓу тимот на актери и драматург. Експериментално театарско дело, локациски специфичен перформанс, кој ќе ве поведе на лично внатрешно патување и длабока имерзивност, соопшти Културниот центар „Медиа Артес“.

Во претставата учествуваат: Адријана Билаловиќ-Тодороска; Павел Маслов; Билјана Билаловиќ-Велјаноска; Јасмина Василева и Јасмина Билаловиќ.  Текстот е колективно авторство на актерите и драматургот Јелена Вуксановиќ - режисерката на претставата. 

Продуцент е Културен центар „Медиа Артес“, копродуцент НУЦК  „Григор Прличев“ - Охрид, а партнер во имплементација е КСП Центар-Јадро. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Скопје и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија. хс/цр

Фото: Културен центар „Медиа Артес“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан