Премиера на претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Мето Јовановски
- Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски вечер премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје.

Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски вечер премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје.
Во претствата играат Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова.
Костимите и сценографија се на Благој Мицевски, а дизајнот на плакатот е на Влатко Јовановски.
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура. мд/са/